Категории

Спиете на стомак? – Што мислат стручњаците и како влијае врз вашето здравје?

Ако сте едни од оние луѓе кои сакаат да спијат на стомак, тогаш обавезно прочитајте ги најновите истражувања на медицинските стручњаци спрема кои тоа и не е баш најдобра опција за вашето здравје.

Медицинските стручњаци едногласно се сложуваат дека спиењето на стомак може да доведе до разни краткорочни и долгорочни здравствени проблеми. Спрема Алекс Сави, сертифициран тренер за спиење и основач на SleepingOcean, „спиењето на стомак се смета за најмалку здрава положба од повеќе причини“.

Петро Лука Рати – невролог и стручњак за спиење вели дека спиењето на стомак може да предизвика краткорочна болка после една ноќ преспиена на стомак, но долгорочно може да доведе до сериозни проблеми. Спрема едно истражување од 2012 година, околу 16% од луѓето спијат на стомак додека поголемиот дел 74% спијат на едната страна. Ако спаѓате во првата група, ризикувате бројни здравствени проблеми.

„Кога спиете на стомак, кичмата ја губи својата природна кривина и може да искуси напнтост или напрегање. Можат да страдаат дури и грбните мускули, што наутро може да предизвика болки во грбот“, вели др. Сави.

Ако често го вртите вратот на едната отколку на другата страна, едната страна се стегнува а другата се олабавува, истакнува физиотерапевтот Никол Ломбардо.
На тој начин на вратот можат да се создадат чворови и напнатост а тоа може да ви зададе секојдневни болки и со тек на време може да доведе до сериозни проблеми на вратот.

Рати вели дека спиењето на стомак исто така „врши притисок“ на вашето срце и плуќа. Healthline вели дека дискусхернија е уште еден ризик кој може да биде предизвикан од спиењето на стомак. Тоа е кога ќе дојде до пукање на желатинскиот диск помеѓу вашиот ‘рбетен столб. Кога овој гел ќе се испапчи од дискот, тоа може да ги иритира нервите.

Прегледи:
564
Објавено на:
10.11.2020