Спортската опрема вообичаено се поврзува со атлетски, вити и фит тела, a реалноста е дека сите носат спортска опрема. Тоа Nike го прифати и позитивно изненади многумина.
Брендовите облека многу често се критикувани за нереалните стандарди за убавина кои ги поставуваат, а кои создаваат притисок кај луѓето и потикнуваат на негативни појави како изгладнување, но уште позначајно е негативното влијание на психичкото здравје на младите луѓе.
Овојпат Nike претстави позитивна промена во нивниот бренд, нудејќи посебно дизајнирана облека и за покрупнте жени.
Откако го ставија моделот Paloma Elsesser на нивниот инстаграм профил, носејќи еден од нивните специјално дизајнирани градници, со описот „Welcome to Sports Bra 101“ наидоа на лавина позитивни коментари.