Категории

Среќа е да видиш албино животно…ретки и необични животни

Навикнати на колоритното секојдневие, навистина е чудно да видите комплетно бело животно.

Околу 300 вида низ Северна Америка имаат свои албино членови. Има албино змии, ракуни, жаби, срни. Дури и тимот на Среќа.мк имаше ретка можност да има средба со албино, бидејќи нели, сите ја бараат среќата. :)

Ова се ретки албино животни, кои со својата бела боја и розеви очи тешко да ги сретнете во природата, треба да имате среќа да налетате на ваква глетка.

Овие животни се исти како и сите други, со една единствена разлика, недостигот на боја. Заради оваа генетска абнормалност некои животни имаат розева кожа и бело крзно, а некои, не сите, имаат црвеникави или виолетови очи.

Албинизмот исто така се поврзува и со слаб вид и поголеми шанси за рак на кожа, но во однос на другите карактеристики, овие животни не се разликуваат од другите од нивниот вид. Се верува дека на секои 10.000 новородени цицачи, се раѓа еден албино.

 

Прегледи:
704
Објавено на:
06.06.2017