Категории

Среќата зависи од нас – Еве кои нешта во секојдневието можат да ве направат посреќни

Сите тежнееме кон среќен живот но да се пронајде среќата не е баш лесна авантура. Некои се концентрираат на децата и семејството, некои на кариерата, деловните цели и материјалното, некои на патувањата..

Сепак научниците низ неколку разни методи се обиделе да откријат што е она кое долгорочно ги прави луѓето среќни. Ви наведуваме кои нешта влијаат врз вкупната среќа.

Што не прави среќни?

Способноста на воодушевување
Се чини дека е тешко нешто самото по себе да не направи долгорочно среќни. Среќни не прават активностите и случувањата кои не воодушевуваат.

Семејството и пријателите
Најсреќни се оние луѓе кои се најмалку осамени и кои поминуваат најмногу време со семејството кое ги сака, партнерот и пријателите. Друштвените односи ги исполнуваат двете основни човечки потреби, потребата за друштвена интеракција и потребата за личен развој и напредување, затоа што низ комуникацијата со другите напредуваме и ние самите.

Односите во живот не прават посреќни отколку онлајн интеракцијата, па технологијата користете ја за да ги договорите средбите а некако основен тип на комуникација.

Активности кои не исполнуваат
Најсреќни сме тогаш кога сме ангажирани околу активности кои не тераат да заборавиме на времето. Тоа може да се случи додека си играме со деца, се занимаваме со некој спорт, пишуваме.. Најмногу не исполнува кога го работиме она во кое сме најдобри. Чувството на исполнетост го доживуваме кога ги користиме и развиваме своите вештини, таленти и способности.

Позитивно размислување
Според студиите на научниците било откриено дека дел од среќата е запишана во гените што значи дека среќата се крие во нас и без оглед на надворешните околности, среќата зависи од тоа како ја перцепираме. Затоа за да бидете среќни морате да размислувате позитивно и да бидете задоволни со она кое го имате. Морате да научите да бидете среќни поради тоа што имате куќа, а не да бидете несреќни поради тоа што вашиот сосед има поголема.

Благодарност
Благодарните луѓе се среќни луѓе. Благодарноста најдобро се изразува преку пишување или зборување. Пишување на дневник и изговарање на благодарноста наглас е еден од сигурните начини да ја зголемите вашата среќа.

Дарежливост
Многу луѓе сведочат дека се извлекле од депресијата и тагата така што почнале да им помагаат на другите. Започнете со дарежливост во своето најблиско опкружување а потоа проширете го кругот.

Простување
Оние кои не можат да простат се лути и депресивни, а дополнително имаат послабо здравје поради тие негативни емоции. Ослободете се од токсичното чувство и немојте никому да му замерувате за ништо.

Вежбање и спорт
Физичката активност има позитивен ефект на нашето тело, но и на нашето ментално здравје. Научниците дошле до заклучок дека бројот на чекори кои ги правиме дневно е поврзан со среќата, самодовербата и задоволството во животот. Ако сакате да бидете среќни, движете се.

Прегледи:
940
Објавено на:
23.07.2020