Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 13. АВГУСТ 2019 ГОДИНА

Бикот ќе се соочи со компликации на работа, Девицата треба да има сериозен разговор со саканата личност, Рибите ги мачи здравјето.

ОВЕН

Доколку планирате патување може да очекувате дека околностите добро ќе се наместат. Вашата емотивна ситуација е многу комплицирана. Не ви е лесно да се ослободите од влијанието на минатото. Избегнувајте пороци.

БИК

Не очекувајте премногу на деловно поле денес. Сѐ укажува на проблеми и компликации. Можеби личноста со која сакате врска и понатаму се двоуми и не е сигурна како да се постави кон вас. Проблеми со грчеви во мускулите.

БЛИЗНАЦИ

Позитивниот став на работното место ќе ви се исплати. Важно е да не престанувате да се трудите и ќе напредувате. Ќе ви биде тешко да ги решите проблемите кои ги имате во вашата емотивна врска. Можна е вознемиреност.

РАК

Пред вас е поволен период за нови деловни проекти или за почеток на работа на некое ново работно место. Решивте да ставите точка на односот во кој не сте задоволни. Сметате дека заслужувате повеќе. Проблеми со бубрезите.

ЛАВ

Подгответе се за компликации на работа. Во наредниот период многу работи нема да бидат онака како што очекувате. Можеби немавте доволно време да бидете со саканата личност и таа се оддалечува од вас. Пад на имунитетот.

ДЕВИЦА

Ве очекува ден кој ќе биде многу напнат. Можни се многу стресови и промена на работата. Подгответе се за важен разговор со саканата личност. Сега е момент да разјасните некои работи. Проблеми со видот.

ВАГА

Можно е да имате некој губиток на работа или некоја материјална штета. Доколку сте во брак, ќе имате проблеми во однос на партнерот во текот на денот. Болки во стомакот.

ШКОРПИЈА

Не е премногу поволен ден за започнување на бизнис. Потрудете се сѐ она што ви е помалку важно да го одложите. Пред вас е прилика за незадолжителна авантура. Можно е сепак да не прифатите. Чувствителни бели дробови.

СТРЕЛЕЦ

Пред вас е период во кој ќе имате можност за да ги поправите оние работи кои на ова поле ви претставуваат пречки. Можно е саканата личност да ви замерува некои работи и време е да разговарате за тоа. Променливо расположение.

ЈАРЕЦ

Можеби нема да го добиете унапредувањето на кое се надевате и ќе имате некои проблеми на ова поле. Упорни сте да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Сметате дека таа е идеална за вас. Хроничен умор.

ВОДОЛИЈА

Не сакате да се откажете од своите идеи иако засега не сте добиле никаква поддршка за нивна реализација. Доколку сте слободни, пред вас е период кој може да донесе почеток на нова врска. Можни се проблеми со притисокот.

РИБИ

Ако бидете премногу импулсивни и строги во комуникацијата со соработниците, многумина ќе се свртат против вас. Размислувате за брак или заедница со личност која ви се допаѓа. Чувајте се во сообраќајот, патите од недостаток на концентрација.

Прегледи:
806
Објавено на:
12.08.2019