Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 6. МАЈ 2019 ГОДИНА

Поволен ден за Шкорпиите и Близнаците, Девицата ќе има недоразбирање со партнерот, на Рибите им се враќа старата љубов.

ОВЕН

Може да очекувате дека денес ќе слушнеете некои информации кои ќе ви бидат од големо значење за деловните одлуки во иднина. Подготвени сте на партнерот да му покажетее што мислите за него. Можни се проблеми со желудникот.

БИК

Успеавте да ги надминете деловните проблеми од минатото и се чувствувате добро бидејќи повторно  верувате во себе. Може да очекувате интересна комуникација со личноста која ви се допаѓа. Убаво се чувствувате со неа. Намалете го внесувањето на масна храна.

БЛИЗНАЦИ

Пред вас е генерално поволен ден, во кој би требало да ги остварите сите цели кои сте ги зацртале. Многу е важно да и дадете до знаење на саканата личност какви се вашите очекувања од врската во која се наоѓате. Болки во грбот.

РАК

Избегнувајте било каков вид на ризик на деловно поле, а немојте ниту да позајмувате пари сега бдејќи ова е лош период за вас во тој поглед. Можеби постојат некои работи кои не можете да му ги простите на партнерот колку и да се трудите. Проблеми со црниот дроб.

ЛАВ

Доколку се занимавате со приватен бизнис пред вас е поволен ден. Ќе имате среќа со финансиите. Може да се каже дека односот со саканата личност не е онаков каков што посакувавте да биде. Проблеми со варење.

ДЕВИЦА

Не ви е лесно да ги покажете сите свои таленти бидејќи имате недостаток на самодоверба. Вредите повеќе отколку што мислите. Можни се мали недоразбирања со партнерот. Очекувајте прилично напнат ден. Водете сметка за зглобовите.

ВАГА

Пред вас се наоѓаат околности кои ви ви отежнуваат и нема да ви биде едноставно да се снајдете и да донесете вистинска одлука. Имате впечаток дека саканата личност ја нема истата доза на емоции кон вас. Можни се проблеми со кичмата.

ШКОРПИЈА

Пред вас е поволен ден на работно поле. Може да се надевате на остварување на целите. Ќе добиете и некои убави вести. Емотивно сте сосема сигурни во своите емоции и ќе направите сѐ за да го задржите партнерот. Одлично се чувствувате.

СТРЕЛЕЦ

Можни се мали препреки на роботно поле. Пред вас е период во кој ќе се преиспитувате. Вашата љубомора го оптеретува партнерот кој почнува полека да ве избегнува поради тоа. Хронични проблеми.

ЈАРЕЦ

Можни се кочници и проблеми на работно поле. Доколку планирате некои важни разговори, одложете ги за друг ден. Имате впечаток дека партнерот сака да раскинете или дека се оддалечува од вас. Внимавајте на бубрезите.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува поволен ден за решавање на деловни проблеми. Максимално посветете се на остварувањето на вашите цели. Имате добар однос со саканата личност која ви покажува дека секогаш ќе биде тука за вас. Немате проблеми со здравјето.

РИБИ

Иако сте загрижени, работите на деловно поле ќе се одвиваат во најдобар ред. Работете на тоа да заземате малку попозитивен став. Ви се враќа некоја стара љубов. Обновувате комуникација со личност која некогаш сте ја сакале. Пад на имунитетот.