Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 7. МАЈ 2019 ГОДИНА

Бикот е љубоморен, Овенот енергичен, Ракот емотивен, Девицата нервозна, Вагата опуштена.

ОВЕН

Обидете се да ја избегнете неодлучноста во преземањето нови работни акции бидејќи тоа би можело да ви донесе некои нови проблеми на ова поле. Енергични сте и ви одговара да бидете во движење, да флертувате. Внимавајте на килограмите.

БИК

Ве очекуваат нагли промени на работно поле и некои настани кои не сте ги очекувале. Љубомората би можела да почне да ви претставува голем проблем во однос на саканата личност денес. Проверете ги бубрезите.

БЛИЗНАЦИ
Постепено може да ги остварите своите работни цели и да добиете поддршка од личност која ви е на некој начин важна. Доколку сте во врска, со саканата личност ќе остварите уште поблизок и поинтимен однос. Се чувствувате одлично.

РАК

Одлучивте да се посветите на обврските и да завршите некоја работа која долго време чека на вас. Полека доаѓате до кризни моменти со саканата личност. Можеби во вашиот брак наскоро ќе наидете на одредени проблеми. Помали проблеми со крвната слика.

ЛАВ

Ве очекуваат некои промени на работното место кои ќе мора да ги прифатите иако не сте ги барале. Ново познанство кое е пред вас може да биде значајно за вашата емотивна иднина. Внимавајте на желудникот.

ДЕВИЦА

Доколку сте се занимавале со приватен бизнис сега е време да размислите за некои промени кои се неопходни. Ве очекува почеток на врска со личност со која од самиот почеток ќе почувствувате силна и фатална страст. Можни се проблеми со срцети.

ВАГА

Чувајте се од непријателите и неискрените луѓе од вашето работно опкружување. Можеби ќе имате повеќе проблеми отколку што очекувате. Не сте задоволни со односот кој го остварувате со саканата личност. Проблеми со дишните патишта.

ШКОРПИЈА

Можеби ќе имате поголеми трошоци кои ќе го пореметат вашето расположение на некој начин. Не сте фокусирани на односот со партнерот. Саканата личност се сомнева дека криете нешто од неа. Здравјето е во најдобар ред.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува поволен ден, особено ако постојат некои работни проблеми кои требало да ги решите во минатото. Ви се допаѓа личност која ќе ви покаже дека со вас сака еден многу позитивен однос. Намалете го внесувањето на масна храна.

ЈАРЕЦ

Подобрувањето на финансиската состојба ќе ви го подобри расположението. Може да се надевате на многу позитивни пресврти на ова поле. Имате емоции кон некој ваш пријател. Избегнувајте алкохол и опивање.

ВОДОЛИЈА

Може да очекувате дека ќе успеете да ги остварите целите поврзани со вашето работно поле. Саканата личност ќе ви ги покаже нејзините искрени емоции. Може да се надевате на позитивни околности. Водете сметка за внесувањето течности.

РИБИ

Имате многу обврски и важно ви е да се посветите на работата, сега кариерата ви е на прво место. Ве очекува шанса за ново познанство. Лесно ќе ја освоите личноста која на вас ќе остави добар впечаток. Можен е пад на имунитетот.