Категории

Среќен неделен хороскоп (22.04-28.04)

Броиме ситно до крајот на месецот! Каква недела ги очекува хороскопските знаци во 4-тата недела од април ?

Овен
Посветете му повеќе внимание на партнерот и заеднички испланирајте некое патување. Можни се мали љубовни недоразбирања, иако Венера е во вашиот знак. Очекувајте финансиски прилив кој ќе го задоволи вашиот апетит. Слободни, обидете се да бидете отворени за нови љубовни прилики.

Бик
Сега е вистинското време да започнете нешто ново, нешто од почеток, ќе имате успех. Соработката со другите е одлична. Ќе ја имате подршката од колегите, а комуникацијата ќе биде на задоволително ниво. Не влегувајте во тајни врски, нема да ве направат задоволни. Зафатени, би било добро да бидете отворени кон партнерот затоа што само на тој начин ќе ја одржите стабилноста.

Близнаци
Ќе сакате внимание. Обидете се да се фокусирате на страста во врската, не го запоставувајте тој сегмент. Можни се мали недоразбирања со партнерот. Поминете повеќе време со пријателите. Оваа недела е одлична за реализација на идеите, па можете да побарате и мислење од околината за вашите планови. Одредете ги приоритетите на работа, не правете повеќе работи во исто време.

Рак
Ве очекуваат повеќе промени на работата. Најважно е да се усогласите со колегите. Видете ведри! Бидете амбициозни! Покажете го својот максимум. Нови идеји и нови соработки- тие се идеални за оваа недела, па затоа не ги пропуштајте шансите за напредок. Можно е ново познанство преку работата. Ако сте во врска, не го запоставувајте партнерот заради обврските.

Лав
Ќе бидете презадоволни од односот на партнерот. Ќе добивате комплименти од сите страни и ќе бидете склони кон флерт. Ќе се чувствувате добро и ќе имате многу енергија. Можно е познанство или некоја нова врска со личност која не живее во вашето место. Во текот на неделава посветете повеќе внимание на личноста која ви се допаѓа подолго време. Можно е кратко патувања, не го одложувајте- ќе ви годи промената.

Девица
На работа нема да ви биде баш идеално. Марс во полето на работа носи некои проблеми, но ако соработувате со машки личности обидете се некој дел од работата да го префрлите на нив. Нема потреба се да работите сами оваа недела. Важно е само да се договорите со колегите која обврска кој ќе ја заврши. Напнати сте повеќе од обично. Бидете темелни. Оваа недела важна ви е страста, а не љубовта. Ако сте слободни, промени нема- склони сте кон флерт.

Вага
Би било добро да не го запоставувате партнерот. Може да се почувствува лошо бидејќи тој може да забележи дека немате време за него. Можете некогаш потребите на другите да ги ставите пред своите. Со партнерот одете на некое ново место. Бидете отворени кон личноста која ви се допаѓа. Се што сакате да направите или да промените споделете го со сите соработници. Креативни сте и лесно ќе најдете решение за секој проблем на работа.

Скорпија
Вие сте одлично расположени и се ви оди од рака, не сте се чувствувале толку добро веќе подолго време. Не пропуштајте ги добрите прилики за нови патувања и забава. Ако сте слободни, некое ново познанство може да премине во нешто повеќе. Што се однесува пак до финансиите, можете да бидете задоволни и опуштени затоа што се е во најдобар ред.

Стрелец
Можни се големи промени на работа кои вие веќе одамна ги планирате. Имате потреба да се фокусирате на некои обврски кои одамна сте ги почнале. Размислете што одложувате постојано и обидете се да го завршите. Можни се проблеми во врската. Немате добра комуникација со партнерот, а ни со останатите. Ако сте слободни, на повидок е нова врска.

Јарец
Поминете повеќе време со партнерот во домашна атмосфера. Тоа ќе ви годи повеќе. Пријателите може да внесат динамика во вашиот однос. Важно е да не го запоставите социјалниот живот заради љубовта. Можеби веќе ја забележавте личноста на која и се допаѓате. Новите предлози за промена на работата треба да ги прифатите. Важно е да не носите брзо важни одлуки.

Водолија
Прекрасно сте расположени, блескате! Имате добри аспекти за одлична комуникација со партнерот. Зафатени, сите проблеми со партнерот можете да ги решите само ако бидете директни. Бидете подготвени на секаков договор. Не посветувајте внимание на трачевите. Работата ве прави стресни. Послушајте ги советите од другите.

Риби
Би требало да бидете повеќе посветени кон другите, па дајте го својот максимум да се вклопите со другите луѓе. Направете нешто убаво за партнерот, ќе го цени тоа. Слободни, не влегувајте пребрзо во врска или нова авантура. Можна е финансиска добивка од која ќе бидете задоволни. Новите шанси се многу блиску до вас, па затоа обидете се да ги искористите.