Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП (13-14 АПРИЛ)

Ракот е задоволен со работата, Овенот има добар викенд, Вагата запознава нови луѓе, Бикот мора да се наспие.

ОВЕН

Ве очекува одличен викенд кога станува збор за работата. Може да се надевате дека сите околности ќе ви одат во прилог. Постои емотивен склад во вашиот брак и конечно сте задоволни. Пред вас е добар викенд. Поведете сметка на внесувањето шеќери.

БИК

Ова не е поволен викенд за вас па лесно може да дојде до некои штети на работното место или до некои грешки кои сами ќе ги направите. Имате проблеми со самодовербата и тоа ве кочи на љубовно поле да ги остварите вашите желби. Потребно ви е да се наспиете.

БЛИЗНАЦИ

Не се занимавајте со никакви сплетки и трачеви, туку фокусирајте се на она што навистина е важно на работно поле. Постојат можности за тајна врска иако можеби вие не сте подготвени за тоа. Проблеми со вените.

РАК

Задоволни сте со ситуацијата и не планирате промена на работното место. Може да очекувате мирен тек на настаните. Ви се допаѓа личност која сте ја запознале преку пријатели. Помали проблеми поради нервоза.

ЛАВ

Може да очекувате помали препреки на деловно поле, но со доволно упорност ќе ги совладате. Помеѓу вас и саканата личност владее дистанца. Проблеми со кичмата и грбот.

ДЕВИЦА

Околностите во кои се наоѓате се поволни и стабилни. Работата не ве загрижува ни најмалку. Подготвени сте за некоја авантура или врска без обврски, потребно ви е освежување од секојдневието кое ве изморило. Сосема добро здравје.

ВАГА

Загрижени сте во однос на парите и не се чувствувате добро кога материјално не сте стабилни. Запознавате личност која ви покажува дека е заинтересирана за вас. Може да се надевате на среќа. Проблеми со урогениталниот тракт.

СКОРПИЈА

Ќе имате помали проблеми на деловно поле, можеби нема да бидете способни да ги решите денес. Партнерот се однесува поинаку кон вас и ви се чини дека од негова страна повеќе не постојат емоции. Внимавајте на сувата кожа.

СТРЕЛЕЦ

Интуитивно реагирате и решавате деловни проблеми благодарение на својата снаодливост. Пред вас е поволен викенд. Може да очекувате многу убава комуникација со личноста која ја сакате. Ќе уживате покрај неа. Немате никакви проблеми.

ЈАРЕЦ

Овој викенд ќе се посветите на приватните проблеми и на деловно поле немате доволно концентрација за некои обврски. Ви се допаѓа личност која нема лесно да ја освоите. Потребно ви е трпение. Избегнувајте алкохол.

ВОДОЛИЈА

Може да очекувате генерално добра состојба. Стабилноста владее кај вас и сѐ е како што треба. Љубовната ситуација не е токму онаква каква што посакувате. Со партнерот полека се оддалечувате. Водете сметка за дебелото црево.

РИБИ

Пред вас е викенд во кој ќе дојдете до нови информации кои ќе ви бидат многу важни. Ве очекува врска која може да биде променлива и нестабилна, но во исто време и многу интересна, возбудлива. Проблеми со алергии.