Лавот ужива во успехот, Вагата има лош викенд, Стрелецот е во сериозни проблеми, Рибите мора да водат сметка за здравјето.
ОВЕН
Викендов сте дистанцирани и деконцентрирани. Сѐ правите со половина сила. Опуштете се, но внимавајте на последиците. Партнерот очекува да започнете сериозен разговор за вашиот однос. Можни се проблеми со грлото.
БИК
Можно е бројните недоразбирања што ги имате да ви направат проблеми. Поработете на појасната комуникација со соработниците. Саканата личност делува како да бара премногу, а тоа не ви се допаѓа ни малку. Чувствителен врат и раменици.
БЛИЗНАЦИ
Можеби викендов ќе решите некои проблеми кои ви задаваат големи грижи во претходниов период. Саканата личност полека се лади од вас, но вие не чувствувате дека љубовта е завршена и барате начин да ја задржите. Внимавајте во сообраќајот.
РАК
Не ви одговара темпото кое ви го диктира работата. Сепак, своето незадоволство не може да го претворите во ништо конструктивно. Во ваша близина имате личност која кон вас има искрени и добри намери. Проблеми со настинка.
ЛАВ
Успеавте да ги решите проблемите на работното место и сега може да здивнете. Уживајте во постигнатите резултати. Ви се допаѓа личност која е оддалечена од вас, но не сакате врска на далечина. Одлично се чувствувате!
ДЕВИЦА
Постојано сте во трка со времето и многу се плашите дека нема да исполните сѐ што е потребно. Вашите стравови честопати се нереални. Доколку сте саи ова е поволна фаза за нов почеток на врска. Поведете сметка за градниот кош.
ВАГА
Иако се надевавте дека компликациите се завршени, нови проблеми се појавуваат. Се чувствувате обесхрабрено да се носите со сѐ околу вас. Доколку сте во врска, може да имате лош викенд. Склони сте кон повисок притисок.
ШКОРПИЈА
Денес ќе ги чувствувате последиците на грешките кои ги направија вашите претпоставени. Таквите ситуации многу ве нервираат. Осаменоста сѐ потешко ја поднесувате, а ниедна личност не ги исполнува вашите очекувања за да започнете врска со неа. Можни се проблеми поради нервоза.
СТРЕЛЕЦ
Конечно доаѓа до позитивни промени на работно поле. Новите промени кои ве чекаат ќе ви донесат неочекувани среќни вести. Доколку сте во врска, денешниот ден ви носи проблеми. Одлично се чувствувате!
ЈАРЕЦ
Можно е да ви се укаже можност за подобра заработка. Сепак, се мислите дали да го напуштите работното место поради некој нерационален страв. Моментално сте во врска која во вас буди емоции. Ви одговара физичка активност.
ВОДОЛИЈА
Можно е конечно да добиете поддршката на која се надевате долго време. Викендот е поволен за решавање на проблемите. Можете да очекувате многу убав викенд со саканата личност. Имате многу енергија во себе!
РИБИ
Задоволни сте како се одвиваат работите на работното место. Имате чувство дека држите сѐ под контрола и задоволни сте со она што сте го постигнале. Ви се допаѓа една позитивна и ведра личност од блиското опкружување. Зголемете го внесувањето на витамини.