Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 3-4 АВГУСТ 2019 ГОДИНА

Девицата има големи амбиции, Близнаците немаат трпение, Јарецот има многу обврски, Водолијата има можност за работа.

 

ОВЕН

Можеби во текот на викендот ќе ве измачуваат грижи поврзани со работата и нема да ви биде лесно да ги решите. Се повлековте во себе и не можете да остварите сѐ она што сакате во комуникацијата со партнерот. Чувајте ги бубрзите.

БИК

Размислувајте да ставите точка на одредени деловни соработки кои не се покажуваат како корисни. Сметате дека партнерот е тврдоглав и не ви е лесно да излезете со него на крај. Потребна е редовна исхрана.

БЛИЗНАЦИ

Немате доволно трпение и затоа правите грешки на деловно поле. Можеби многу нешта ве оптеретуваат. Потребно ви е поголемо разбирање и толеранција од страна на партнерот кој е прилично груб. Не се форсирајте, одморете викендов.

РАК

Се случуваат деловни промени кои не можете да ги избегнете. Ќе ви биде потребно време да се прилагодите. Може да се каже дека сте многу збунети и не можете да протолкувате желбите и реакциите на партнерот. Ќе ви годи физичка активност.

ЛАВ

Важно е да бидете подготвени да прифатите одредени ограничувања кои моментално постојат кај вас на ова поле. Потребно е да се потрудите повеќе за да можете да го стабилизирате односот со саканата личност. Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Имате многу големи апетити и амбиции, кога станува збор за работата. Сакате да напредувате и да бидете успешни. Саканата личност на некој начин ве провоцира, па лесно доаѓа до несогласувања меѓу вас. Зајакнете го имунитетот.

ВАГА

Можеби понекогаш немате доволно концентрација и не ви е лесно да го исполните она што се очекува од вас во работата. Поволен викенд за нова љубов. Можни се проблеми поради стрес.

ШКОРПИЈА

Доколку се бавите со приватна работа, ве очекува период во кој ќе имате помали компликации и отежнувања. Сосема отворено ги покажувате своите емоции кон саканата личност и се надевате дека ќе ви бидат возвратени. Одлично се чувствувате!

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува многу поволен ден за започнување нови случувања и промени на работно поле. Многу сте емотивни и сакате да создадете сигурна и топла атмосфера со саканата личност. Болки во колената и нозете.

ЈАРЕЦ

Ве очекуваат голем број обврски. Нема да ви биде лесно да се организирате. Ќе ви биде потребна нечија помош. Имате одличен однос со саканата личност и среќни сте покрај неа. Подготвени сте за брак. Добро се чувствувате.

ВОДОЛИЈА

Може да очекувате можност за работа. Пред вас е период во кој ќе бидете задоволни кога станува збор за финансиите. Активни сте на полето на флертот и уживате во вниманието кое го добивате. Хронични проблеми.

РИБИ

Може да очекувате подобрување на заработката во наредниот период. Ве очекува добра фаза. Ќе имате позитивен викенд за убави моменти со саканата личност. Најверојатно вашата врска ќе заврши со брак. Здравјето е во ред.

Прегледи:
654
Објавено на:
02.08.2019