Категории

Среќниот човек се сака себеси, а другите го сакаат поради тоа

Среќниот човек секогаш стои зад реченицата: „Сакам и сакан сум.“ Несреќните луѓе ги повлекуваат другите луѓе надолу, а среќните ги подигнуваат.

Има луѓе кои веруваат во херои а има и луѓе кои веруваат во себе, едните научиле каде е нивниот крај а другите каде започнува нивната моќ. Луѓето кои научиле својот ум да го хранат со големи мисли, нови идеи, цврсти цели, нема да застанат кога во животот ќе им се заредат тешки предизвици, тие се како студенти на испит кои се радуваат на оние тешки прашања затоа што знаат дека ќе им помогнат да го искажат своето знаење, креативност и труд.

Среќниот човек секогаш стои зад реченицата: „Сакам и сакан сум.“ Несреќните луѓе ги повлекуваат другите луѓе надолу, а среќните ги подигнуваат.
Кога си покрај среќен човек, откриваш причини зошто вреди да се живее, а кога си покрај човек кој на се гледа од негативната страна, прави да пронаоѓаш причини зошто твојата среќа не е вредна.
Ти избираш какво ќе биде твоето секојдневие од тоа какви луѓе пушташ да го исполнуваат.
Среќниот човек не чека да дојде некој и да го сака за и тој да почне да се сака себеси. Тој едноставно се сака себеси и другите го сакаат токму поради тоа.

Прегледи:
554
Објавено на:
26.05.2020