Категории

Тајната на блескавата кожа која малку од жените ја знаат

Која е главната причина за стареењето на кожата и како да го спречите тоа.

Многу жени во доба од 25 години забележуваат први промени на лицето. Кожата повеќе не е толку цврста, влажна и еластична а се појавуваат и првите брчки. Иако ова е сосем нормално, гледањето во огледало за некои наскоро ќе стане ноќна мора. Но ако знаеме зошто воопшто доаѓа до стареење на кожата, можеме да го успориме тој процес и да му го вратиме природниот сјај на лицето.

Која е главната причина за стареењето на кожата?
Стареењето на кожата зависи од неколку фактори. Генетика, негата на кожата, изложувањето на сонце, загадувањето на околината и нашите прехрамбени навики. Сето тоа има големо влијание врз игледот на нашата кожа. Освен тоа, после 25-тата година во животот започнуваат да се променуваат процесите во нашето тело кои се одговорни за нашата кожа. Колагенот во тоа игра главна улога.

Што е колагенот?
Колагенот е еден од клучните компоненти на нашата кожа, мускулите, коските, забите, тетивиите и другите ткива во нашето тело. Тој е протеин со долги врски кој се состои од различни аминокиселини и всушност претставува голем дел од човечкото тело.
Тој се грижи за еластичноста и лигаментите, за цврстината на ноктите и косата а игра посебна улога во хормоналната рамнотежа.
Проблемот настанува затоа што според некои истражувања нашето тело повеќе не произведува колаген толку интензивно како што е тоа во добата од 25-години.

Како можеме да му помогнеме на телото природно да поризведува колаген?
Тоа не е баш едноставно. Рецептот е следен – потребно е да конзумираме здрава храна полна со витамин Ц, аминокиселини и минерали. Покрај тоа, потребно е да спиеме најмалку 8 часа и доста да се движиме, да избегнуваме сонце, алкохол, цигари, стрес и негативни луѓе.

За среќа постојан додатоци во исхраната кои го заменуваат изгубениот колаген и помагаат да се создаде нов сопствен колаген.

Колагенот како додаток во исхраната може да се додава во пијалаци или оброци. Тој ги содржи сите потребни антиоксиданси, аминокиселини и други додатоци со кои заедно помага кожата да ја добие потребната влажност, сјај и здрав изглед.

Прегледи:
535
Објавено на:
12.08.2020