Категории

Тајните на корејската младоликост – Клучните техники за нега на кожата

Корејките е познати по тоа што имаат совршено мазна и младолика кожа дури и во поодмината старост а кои се тајните на нивната убавина ви откриваме во продолжение

Корејските техники за убавина веќе долго време важат за исклучително почитувани и широко применувани со оглед на тоа што корејските жени имаат беспрекорно мазна и чиста кожа, ние ви ги споделуваме сите нивни тајни за тоа како успеваат да ја одржат својата младоликост.

1.Внимателно чистење на кожата
Корејките повеќе сакаат природен изглед и не преферираат силна и тешка шминка. Дури и кога користат препарати за шминка, најчесто тоа се лесни креми со минимална покривност. Нивната тајна за беспрекорна кожа е чистењето. Користење на нежен гел од природни состојки и миење на лицето со кружна масажа со движења на кожата нагоре.

2.Вода за лице
Корејките се колнат во водата за лице. Во кореа се користат разни видови на вода за лице односно спрејови за кожа кои се со сличен состав како тонерите. Тие ги преферираат оние со ружина и оризова вода кои му даваат природна влажност и еластичност на кожата.

3.Тапкање наместо триење
Ова е еден од нивните најважни совети. Тапкање на кожата при нанесување на препарати за убавина е најкорисниот начин кој спречува оштетување на кожата и создавање на брчки а на тој начин козметичките производи полесно и побрзо се впиваат.

4.Забоавете на користење на пешкир
После чистење никако немојте да го сушите лицето со пешкир. Тоа е уште една од клучните техники на Корејките. Триењето на кожата може да предизвика црвенило и да ја иритира кожата. Освен тоа, кога кожат е сеуште влажна, подобро ги впива козметичките производи.

5.Коктели за нега на кожата
Корејките исто така се познати по тоа што често користат разни производи во комбинација – коктели за нега на кожата.
Тоа може да се направи со мешање на разни серуми и масла. Прво нанесете ги производите на дланкит еи со лесно масирање нанесете ги на кожата.