Татко ми плачеше тоа утро во еден агол, свртен со грб, глумејќи сила и цврстина, глумејќи карпа толку кршлив баш тоа утро кога се мажеше неговата ќерка единица.
Му пријдов, во бел венчален фустан, притискајќи ја кнедлата во моето грло, внимавајќи да не ја расипам шминката со која требаше „да бидам најубава”.
Зашто, ме гушеше до пм, токму тоа нешто во грлото. „Тато, јас ти заминувам…”.
„Оди, ќерко. Ако мислиш дека е за тебе, оди.
Кога те добив, знаев дека ќе си одиш.“ По ѓаволите и шминка и се, се расплакав како никогаш дотогаш.
Го прегрнав силно, онака најсилно.
Како никогаш повеќе да нема да го видам.
Како да ни забрануваат да се гушкаме.
Како засекогаш да не разделуваат еден од друг. „Тато, знаеш. Јас секогаш ќе останам твоја, не грижи се. ”
„Ќерко, измиј се, среди се, ќе дојдат гостите. Погледни не! Како деца!”
Ја стави својата маска на побожо студенило и исчезна меѓу луѓето топорејќи се како горд паун.
Тато. Татко. Татичко. Колку само значи овој човек во животот на една жена.
Тој е безбедност.
Тој е идол.
Институција.
Благослов и гордост.
Заштита од сè лошо.
Мојот татко мене ми беше прекрасен, низ целата моја младост, растење, созревање.
Тој е оној кој ми го даде името.
Кој ме викаше „Сестро”, „Сине” ..
Кој не бил трезен со денови кога сум се родила.
Тој е оној кој ми велеше дека тој ме родил.
Тој е оној кој ми ја пееше песната од Трубадури „Маријана” и јас се лутев.
Тој е оној кој ми ветуваше фустани.
Тој што ми обрна внимание повеќе отколку што ми требаше.
Оној кој ја размази својата ќерка единица.
До небото и назад.
Кој ме научи дека за жена мора да се бориш.
Да и угодуваш , кога ќе видиш дека и е лошо, да ја оставиш да и помине.
Тој е тој.
Еден и единствен.
А девојките секогаш остануваат татини девојчиња, без разлика што и да се случи.