Категории

Ти не си истата личност од вчера – Дозволено ти е да продолжиш напред и да не ги сакаш нештата кои си ги сакал во минатото

Дозволено ви е да ги испуштите старите соништа. Дозволено е да го редизајнирате вашиот план за вашиот живот, затоа што она за што сте се одлучиле пред неколку години е избрано за личност која повеќе не сте.

Вие не сте родени да работите само една работа, да играте само една улога, да бидете само една личност. Вие сте постојана еволуција. Вие сте во тек. Сè уште не сте се сретнале со секој дел од себе, не сте ја откриле секоја желба. Има повеќе за вас и има и за животот – но за да го знаете ова, прво треба да направите најсубверзивна работа, а тоа е да скокнете без да знаете каде точно ќе слетате. Како всушност сакате да изгледа денот од вашиот живот? Тоа е вашиот вистински сон.

Било што друго беше само нешто што сте го создале од идеја за тоа што некој друг би го посакувал. Вистината е дека единствениот „безбеден“ избор е да ги следиме нашите срца, бидејќи што било што друго само ни остава дел од личностите кои сме посакувале да бидеме. Вистината е дека ви е дозволено да го извршувате она што е соодветно за личноста која што сте сега, тогаш ви е дозволено да извршите нешто друго за личноста која што ќе станете еден ден.

Дозволено е да продолжите да бирате.