Категории

Ти заслужуваш некој кој би се спротивставил на сите само за да биде на твоја страна

Никогаш немој да прифаќаш некој кој се однесува спрема тебе како да си резервен план. Некој кој те става на второ место наместо да бидеш негов приоритет.

Никогаш немој да прифаќаш некој кој се однесува спрема тебе како да си резервен план. Некој кој те става на второ место наместо да бидеш негов приоритет. Немој да прифаќаш некој кој нема време да ти возврати на повикот или да одговори на твојата порака. Некој кој те прави да чекаш и да се прашуваш кога ќе има време за тебе.

Немој да прифаќаш некој кој ти зборува колку му значиш но никогаш не го докажува тоа со дела.
Некој кој секогаш ги зборува вистинските работи, но никогаш не ги прави.
Не смееш да дозволиш да се однесуваат спрема тебе како да си втор избор. Никогаш не смееш да бидеш нечија замена.
Ти заслужуваш да биде првата и единствена личност на која ќе помисли кога ќе се разбуди наутро. Ти зслужуваш да бидеш личноста која со нетрпение ќе чека да ја види.

Првата личност со која ќе сака да ги сподели среќните вести, но првата личност кај која ќе бара утеха кога светот ќе се руши.
Чекај некој кој вистински ќе се интересира за тебе, со кого можеш да разговараш за се во секое време.
Никогаш немој да се задоволуваш со некој кој не се плаши дека ќе те изгуби, затоа што заслужуваш некој кој би се спротивставил на сите само за да биде на твоја страна.

Прегледи:
598
Објавено на:
20.09.2020