Категории

Тимот на PowerHouse Pilates започнува со онлајн часови: Вежбајте редовно и заменете ја анксиозноста со спортување

Во период кога сите активности се сведени на минимум и единственото безбедно место за секој од нас се нашите домови, задолжително мора да се потрудиме да ја замениме анксиозноста со вежбање, полнејќи се со позитивна енергија, а воедно одржување на здравјето и физичката активност која го штити кардиоваскуларниот и респираторниот систем. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Токму поради тоа, најдобриот пилатес центар кај нас PowerHouse Pilates дури и во вакви услови се грижи за своите клиенти и сите оние кои сакаат да се вљубат во пилатесот и да ја одржат својата кондиција и форма, започнувајќи со онлајн часови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


„Ве известуваме дека тимот на Powerhouse почнува со онлајн часови од понеделник 30.03. Ќе се користи апликацијата Zoom и сите што ќе сакате да присуствувате на тренинзите ќе треба да ја симнете.
Да ги продолжиме навиките за вежбање и во оваа вонредна состојба. Сите заинтересирани пишете ни во инбокс за дополнително објаснување“, велат од PowerHouse Pilates во објавата на нивната официјална фејсбук страница.

Одберете го терминот кој најмногу ви одговара, организирајте го вашето време по дома и уживајте во динамичните вежби од инструкторките на PowerHouse Plates.

Прегледи:
860
Објавено на:
03.04.2020