Категории

Трагични фотографии сликани пред евакуација поради пожарите во Орегон

Овие денови, Калифорнија и Орегон евакуираа огромен број на жители поради шумски пожари со размери какви што досега немало во тој регион.

На интернет почнаа да се споделуваат фотографии кои се сликани пред да започне евакуацијата од Орегон. Чувството кога треба да земеш само неколку поседништва и да се евакуираш по најитна постапка е најстрашно нешто што може некому да му се случи, со оглед на тоа дека голема е веројатноста од домот кој го напуштаат, да остане само прав и пепел.

Овие фотографии се трагични, иако на нив нема ништо особено трагично – самото наговестување на најстрашното е она што е морничаво во нив.  Погледнете како бојата на небото нагло се променува, од сина, кон портокалова, кон некоја страшна, неприродна црвена, и кон пурпурна на крајот.

Прегледи:
454
Објавено на:
15.09.2020