Пристигна и тој дел од годината кога започнуваат лудите прослави и долгоочекуваните празнични забави, а за изборот на идеалниот outfit ви ги претставуваме моментално најактуелните трендови во кои ќе блеснете како вистинска стилска икона.
Најпопуларни се фустаните од кадифе, сатен и оние со проткаени светки. Комбинезоните повторно се тука за оние кои сакаат да изгледаат шик и елегантно, а во ниту една сезона а така ни во оваа не изостануваат класичните парчиња како краткиот црн фустан класичните блејзери и комбинациите со сако и широки панталони.