Еве зошто оваа боја ќе ја одбележи оваа година, и зошто модниот свет е веќе „опседнат“ со неа
Класичната сина боја е прогласена за боја која ќе ја одбележи 2020 година, иако сме сеуште на самиот почеток од новата година, оваа боја веќе завладеа по улиците.
Познатиот институт за боја кој ја прогласи сината како боја на годината ја опиша како боја која донесува мир, дава самодоверба и повикува на поврзаност, ја нагласува желбата за сигурни и стабилни темели на почетокот на новата декада. Освен што носи позитивен предзнак, класичната сина изгледа елегантно, грациозно и моќно како што и секоја жена посакува да се чувствува.
Погледнете како трендсетерките ја комбинираат оваа боја и пронајдете инспирација како да ја вметнете во вашиот стил оваа година.