Категории

Три причини зошто е подобро да не му помагате на детето околу домашните задачи!

Родителите се трудат да им помогнат на своите деца колку што е можно повеќе, олеснувајќи им ги секојдневните обврски. Почетокот на новатата учебна година е поголем стрес за родителите отколку за децата поради многубројните обврски.

Истражувања од Универзитетот Тексас собирале податоци за учеството на родителите во процесот на учењето на нивните деца и оцените кои ги добиле. Тоа покажало негативно влијание на резултатите во основното училиште , но и во средното.

Ова се трите главни причини зошто треба да престанете да им помагате на своите деца при извршувањето на домашните задачи.

Детето губи мотивација за учење

Колку се родителите повеќе вклучени во изработката на домашните задачи, толку децата имаат помала волја за учење. Децата чии родители седат покрај нив додека ја извршуваат домашната задача и им кажуваат што да прават, го контролираат секој збор и постапка, имаат најмала мотивација за учење. Децата чии родители не им вршат притисок се многу повеќе мотивирани.

Помогнете му на вашето дете само тогаш кога ќе побара помош од вас. Објаснете му тогаш на детето она што не го разбира на еден мирен начин и никако не користете погрдни зборови и не го навредувајте вашето дете.

Не ги учат децата да бидат одговорни

Терајќи го детето да ја извршува домашната, контролирајќи ја секоја негова постапка и оцена, вие преземате одговорност за неговото учење и успех во училиште. Тоа значи дека одговорноста ја отстранувате од детето и ја преземате вие. Ова може да влијае на навиките кои ќе ги има детето понатаму во животот и во неговиот однос кон одговорноста.

Се расипува односот помеѓу родителот и детето

Психолозите предупредуваат дека со контрола врз детето додека ги извршува домашните задачи ги губите заедничките точки и тоа оние позитивните. Почнувате да се карате и да го контролирате детето, а тоа нему воопшто не му се допаѓа. Наместо тоа, психолозите советуваат да имате некои активности како што е читањето на глас, дискусија за случувањата во светот или некоја друга активност на која ќе работите заедно.