Категории

Три златни правила како подолго да ви трае морската боја

Чувајте ја кожата секојдневно, особено кога ќе поминете повеќе време на сонце. Обрнете посебно внимание на деловите од вашето тело кои најмногу ви се сушат.

  1. Редовен пилинг

Иако првата мисла е дека пилингот ја отстранува добиената боја, овој чекор е клучен за долготраен тен. Површинскиот слој на кожата се лушти на секои две недели, па затоа е важно да се отстранат мртвите клетки, за зраците од сонцето полесно да пробијат до кожата. На овој начин се добива долготрајна боја која ќе трае цело лето. За изедначен тен направете лесен пилинг на секои две недели. Пилингот можете и сами да го подготвите со мешавина од шеќер и мед, кафе и маслиново масло или овесни зрна и сол.

  1. Хидратација на кожата од надвор и одвнатре

Овој чекор е многу важен за добивање на рамномерен тен. Чувајте ја кожата секојдневно, особено кога ќе поминете повеќе време на сонце. Обрнете посебно внимание на деловите од вашето тело кои најмногу се сушат. Ова лесно ќе го забележите бидејќи кожата на овие места брзо апсорбира. За мачкање за време на сончање користете производи кои обезбедуваат заштита, но исто така ги хидрираат и стимулираат природните процеси на потемнувањето на кожата. Покрај тоа, кожата треба да се хидрира одвнатре. Бидејќи летно време повеќе се потиме, треба да се грижиме за доволен внес на вода.

  1. Избегнувајте туширање во топла вода

Долготрајното туширање со топла вода ја суши кожата, затоа држете се до млака вода и хидрирачки гелови за туширање, ако сакате вашата кожа да ја краси долготрајната боја. Избегнувајте производи на база на киселини, бидејќи тие го отстрануваат слојот на кожата заедно со бојата.

Прегледи:
449
Објавено на:
24.07.2018