Категории

Трик со РУМЕНИЛО за прекрасен неодолив изглед

Малку од жените се задоволни од бојата на својот тен кога наутро ќе станат од креветот, но затоа постои шминката за да ја спаси целата работа, и бледиот безживотен тен да го претвори во беспрекорен. Во постигнувањето на таа илузија, секако помага руменилото кое на лицето не само што му дава боја туку и посакувана свежина.

Овој beauty трик со руменило доаѓа од рацете на познатиот шминкер Пабло Родригез, и настана како резултат од постојаното барање на неговите лиенти за нив да создаде мејкап изглед кој ќе ги сокрие несовршеностите а во меѓувреме ќе изгледа природно на кожата како воопшто да нема шминка.

Клучната постапка во овој случај е руменилото да не нанесува над подлогата, туку под неа. За почеток, неопходно е лицето да е добро хидрирано со соодветна крема за да биде подготвено за нанесување на шминката.
Откако ќе го направите првиот чекор од квалитетната нега, на кожата нанесете кремасто руменило и натапкајте го со прстите (никако немојте да го размачкувате), така што главниот фокус ќе се коските на јаболкниците.
Кога руменилото ќе се исуши, нанесете подлога многу лесно и нежно така што ќе ја вмасирате во кожата, особено на пределот на образите на кои претходно сте нанеле руменило.
Кој е крајниот ефект?
Лесна и нежна румена боја која продира од под подлогата и делува како да доаѓа од длабочината на кожата. Руменилото на овој начин ќе делува природно и нема да дозволи да претерате со негово нанесување.