Тропската лимонада, не е обична лимонада. Таа е богата со вкусови и претставува вистинско летно освежување, кое ќе ги разбуди сите ваши сетила.
Состојки:
- 3 дл свеж исцеден лимонов сок
- 1/2 манго
- 1/2 ананас
- лажица мелен ѓумбир
- 10 малини
- 10 листови нане
- вода
Подготовка:
Исцедете лимон во бокалот. Мангото и ананасот исечкајте ги на ситни коцки. Во блендер ставете ги коцките овошје и истурете половина од лимоновиот сок. Додадете го ѓумбирот и нането и мешајте додека не добиете густина. Потоа, додадете уште лимонов сок и вода.
Разладете ја лимонадата. Во чашата додадете по неколку малини и уживајте во богатиот вкус на овој тропски напиток.