Категории

Центиметрите сепак се важни? Овие мажи се најдобри во кревет

Иако сигурно многупати сте слушнале како центиметрите не се важни, сепак тоа не е точно.

Имено, студија која е спровеле Body Logic MD открила дека повисоките мажи многу повеќе уживаат во сексот од пониските. Овде станува збор за мажите кои се повисоки од своите поубави половини и кои се повисоки од 180 цм.

Жените повисоки од 168 цм исто така истакнале дека уживаат во сексуалните односи. Мажите пониски од 180 цм и жените пониски од 168 цм во поголемиот дел одговориле дека не се задоволни со голем број од своите сексуални искуства и се пожалиле на слаба самодоверба.

Истражувањето е спроведено на илјада личности со различни висини на кои им било поставено прашањето за висината на партнерот и како тоа влијае на нивната емоционална состојба и самодоверба.

Високите личности изразиле многу поголем степен на самодоверба и посилна емоционална стабилност. Покрај тоа, мажите се сложиле дека преферираат жени кои се пониски од нив, додека жените биле повеќе наклонети кон високите мажи, а како идеална висина ја одредиле 187 цм.

Прегледи:
487
Објавено на:
16.11.2018