Категории

Цеце и Марко од “Утринска на Телма” се успаа

Како изгледа совршениот почеток на работниот ден за вас? Кога би можеле за момент да излезете од рамките на секојдневните рутини одвојувајќи малку повеќе време за “дружење” со затоплената постела која и онака тешко ја напуштаме наутро, а сепак да не се занемарат тековните работните обврски, би било идеално.

Звучи сосема неверојатно, но сепак погледнете како Цеце и Марко од “Утринска на Телма” успеаја во тоа.

“Ова беше едно поинакво и повозбудливо утро и за нас, но и за нашата публика. Целта ни беше да му пркосиме на сонот, сепак и ние сме луѓе и има денови кога ни е тешко да ја оставиме топлата постела и кога едноставно многу ни се спие. Но, работа си е работа, а и некако штом влеземе наутро во студио едвај чекаме да се дружиме со гостите и публиката”.  – вели Цеце.

 

“Утринава сакавме да бидеме на иста бранова должина со нашата публика за која веруваме дека ги има истите утрински ритуали (будење со аларм, тегнење во кревет, расонување, кафе, чај, весник, проверка на нивото на загаденост на воздухот, појадок и спремање за на работа”- низ смеа раскажува Марко и додава – “Сепак најважно од се ни е да предизвикаме насмевка од другата страна на екранот. Доказ дека успеавме во тоа се бројните коментари кои ги добивме во текот на денот, што ни докажува дека навистина сме поразлични од се што се нуди во тв етерот во моментов, што всушност е и наша цел”.

Когa работата претставува задоволство, креативноста и желбата за успех и ширење позитивна енергија е неизбежна. Екипата на “Утринска на Телма” постојано ги изненадува гледачите на поинаков начин во презентирањето на информациите, како визуелно така и информативно, па не е ни зачудувачки фактот што оваа емисија од ден на ден се повеќе ги освојува срцата на гледачите. Ако по утрото денот се познава, тогаш секој ден нека започне со смеа, позитивна енергија и среќа.

 

Прегледи:
776
Објавено на:
30.11.2017