Категории

Удобни и модерни – Класичен модел на панталони кои ќе ги носите секаде

Овој модел на панталони е еден од оние безвременски трендови кои секогаш ќе ви се најдат при рака кога сакате да изгледате средено

Панталоните се истакнато парче во секоја колекција без оглед на годишното време. Едноставни, лежерни и со статус на модерна класика, панталоните со рамен крој оваа есен ќе бидат еден од клучнит емодни парчиња.

Сепак, летните модни фаворите донесоа тренди парчиња на панталони кои понекогаш ќе не натераат омилениот пар фармерки да го замениме со нив.

Ова лето панталоните од лесни материјали се вистински хит, тие се удобни и можете да ги комбинирате со кошули, маици, високи потпетици, еспадрили, патики и сандали. Тие се мултифункционално парче кое вреди да го имате во вашиот плакар.

Прегледи:
512
Објавено на:
05.08.2020