Овој уметник прави скици од луѓе по пандемијата во метро станици.
Девон Родригез е познат по своите маслени скечови на луѓе во метро станици. Сега тој црта скици на луѓе со молив, и тоа пост-пандемиски. На својот TikTok има процес видеа од цртежите, а некои од нив имаат преку неколку милиони прегледи. Уметникот ги продава овие скици и на својата веб страница.
Девон вели дека сака да го документира светот околу себе, особено метро станицата во Њу Јорк. Неговата задача не е да ја режира реалноста, туку да ја фаќа онаква каква што е. Сака да останува хипер-свесен и да не ги вознемирува субјектите на неговите скици на никаков начин.
Колку од нас можеме да се пронајдеме во лицата на овие скици?