Категории

Уметници со попречености кои создаваат вистински ремек-дела! (ФОТО)

Околу 10% од светската популација, или околу 650 милиони луѓе, живеат со попречености. Кога ќе ги погледнете неверојатните ремек-дела подолу, воопшто нема да претпоставите дека се создадени од луѓе кои имаат одреден инвалидитет или пречки во развојот.

Од уметници кои сликаат со својата уста до слепи сликари –  овие луѓе претставуваат огромна инспирација. Живеејќи со состојби кои поголемиот дел од нас не може ниту да ги замисли, тие честопати ја користат уметноста како начин на комуникација со светот. 

Преку следните фотографии ги славиме луѓето кои неверојатно силна волја. Погледнете ги и пронаајдете  мотивација во овие силни луѓе!

Mariusz Kedzierski е роден без раце но успеал да ги исополни своите соништа цртајќи реалистични слики

Дијагностициран со Аутизам на 3-годишна возраст,  Stephen Wiltshire е познат по создавањето на детални фотографии дури и од цели градови само преку меморија

Младата Iris Grace, за која и претходно пишувавме, има аутизам и создава неверојатни уметнички слики

Роден со Церебрална парализа, Пол Смит создава прекрасни ремек-дела користејќи само еден прст на машина за пишување.

Peter Longstaff  е роден без раце како резултат на погрешни лекарства кои и биле препишани на неговата мајка во текот на бременоста. Тој сепак прераснал во вистински уметник.

JC Sheitan Tenet одлучил да не го спречи фактот што ја изгубил раката во остварување на својот сон – да стане тату уметник. 

Rakan Abdulaziz Kurdi докажува дека инвалидитетот не мора да те спречи во создавањето неверојатни реалистични слики

Алана е родена без раце и слика со помош на својата уста и стапала.

John Bramblitt е слеп, а неговите очи можат да разликуваат само светлина и темнина. И покрај тоа, тој користи тексурирани бои за да ги почувствува своите движења на платното