Категории

Уморни и нерасположени сте: Ова се грешките кои ги правите секое утро, а влијаат во текот на целиот ден

Можеби наутро правите баш некои од следниве грешки, кои можат да влијаат на остатокот од денот.

Се будите во мрак

Станувате од кревет, одите да се туширате, потоа трчате на работа и скоро воопшто не сте виделе светлина до попладне. Една студија од Универзитетот за медицина во Фејнберг покажала дека недостатокот на утринска сончева светлина прави забуна во индексот на вашата телесна маса.

Изложеноста на дневна светлина во текот на утрото 20-30 минути, ќе ви помогне да го регулирате нивото на енергија, апетитот и метаболизмот.

Подигнете ги ролетни, отворете го прозорецот и уживајте во сонцето!

Не пиете доволно вода

Доколку не пиете вода наутро, можно е подоцна во денот да се чувствувате дехидрирано. А кога имате ниско ниво на вода во организмот, склони сте кон лошо расположение и чувство на измореност и напнатост.

Од друга страна, ако наутро внесете доволна количина на течности, не само што ќе се чувствувате посреќно и поенергично, туку и ќе бидете побрзи, поцврсти и појаки – спремни за вашите работни предизвици.

Започнете го денот со пиење на 3 чаши вода во првиот час по будењето.

Работите со празен стомак

Дали би оделе на трчање или на деловен состанок со празен стомак?

Британска студија покажала дека мажите кои појадувале пред да одат на работа, биле покреативни и побрзи во извршување на дневните обрвски, дури и биле повеќе расположени, во споредба со оние кои го прескокнале првиот и најважен оброк.

Здравиот појадок треба да ви биде првата работа која мора да ја направите наутро, бидејќи тоа на вашиот мозок ќе му даде доволно енергија за нормално да функционира во текот на целиот ден.

Прегледи:
496
Објавено на:
22.07.2019