Категории

Урбано и кул – Ирина Шајк добро ја познава формулата за најдобар уличен стајлинг

Ирина Шајк добро знае како да ги вклопи најактуелните трендови на сезоната во еден стајлинг.

Руската манекенка секогаш е во тек со најактуелните трендови и секогаш умее да ги комбинира на интересен начин, па нема сомнеж зошто и ја нарекуваат кралица на уличниот стил.

Овој пат за прошетка низ Њујорк таа носеше долга јакна од брендот Burberry, а под неа ролка на пруги и црни панталони. Она што најмногу привлече внимание во нејзиниот стајлинг беа високите бели чизми кои се најпопуларниот тренд оваа сезона.

Прегледи:
677
Објавено на:
19.12.2020