Категории

Утре започнува шестата ПИН Музичка конференција во рамки на 21-то издание на ТАКСИРАТ

Утре со шестата ПИН Музичка конференција и шоукејс фестивал 2019 ќе се отвори 21-то издание на фестивалот ТАКСИРАТ. Конференција ќе се одржи од 28-ми до 30-ти ноември во Младински Културен Центар во Скопје и ќе биде збирно место на стотина значајни делегати, говорници и „тешкаши“ од музичката индустрија во Европа.

Низ трите дена по разни точки и простори во МКЦ ќе се поклонат и настапат дел од моментално најдобрите од искусните, но и од најмладите креативци од европска музичка и домашна сцена – потврдија и доаѓаат повеќе од дваесетина артисти кои за прв пат ќе ги слушнеме кај нас, велат организаторите.

Покрај конференцијата, во МКЦ ќе има и одлична вечерна музичка програма. Одлични и талентирани артисти ќе претстават свеж бран на добра музика, која не смеете да ја пропуштите. Повеќе за музичката програма за трите денови може да погледнете на следниов  линк.