Категории

Вака се носи леопард принт: Кејт Мидлтон изненади со модниот избор!

Во последно време таа не воодушеви со изборот на комбинации за облека

Скандалот околу заминувањето на Меган и Хари од Велика Британија и напуштањето на кралското семејство не стивнува, но овој пат целото внимание успеа да го привлече Кејт со тоа што избра гардероба која не е својствена за неа.

Овој пат се одлучи за многу похрабра комбинација. Бидејќи сме навикнати да ја гледаме во романтични фустани со цвеќиња, овој изглед е вистинско освежување.

Леопард принтот е многу ризичен за комбинирање, а таа тоа го направи со вистинската мерка.

Доколку ги обожавате овие смели принтови, следете го нејзиниот пример. Ако здолништето, како во овој случај е ефектно, изберете еднобојна блуза. Кејт ја играше посигурната карта, затоа што со црната боја нема грешка.

Чизмите со високи потпетици и крем капутот ја надополнија целата модна приказна.

Прегледи:
428
Објавено на:
25.01.2020