Еве како изгледаат белите дробови инфицирани со коронавирусот
Снимката која ја отсликува виртуелната реалност покажува колку брзо коронавирусот се шири во белите дробови и каква штета предизвикува.
-Се гледа јасен контраст помеѓу здравото ткиво и ткивото инфицирано со вирусот – забележува др. Мортман, објаснувајќи ја разликата помеѓу синото, здраво ткиво и инфицираното ткиво кое е означено со зеленкасти облаци.
-Разликата е толку воочлива што не морате да бидете лекар за да ја забележите и да сфатите колку е сериозна ситуацијата – додава лекарот, објаснувајќи дека вирусот очигледно не е изолиран на едното крило од белите дробови туку се раширил и на двете.
-Почнува со инфекција, потоа се развива воспаление на белите дробови кое со тек на време го оштетува ткивото и прави долгорочна штета која би можела да ги онеспособи пациентите да дишат нормално дури и откако ќе се опорават. Некогаш дури и за цел живот – вели др. Мортман.
Коронавирусот започнува од горниот респираторен тракт – носот, устата, грлото и горниот дел на белите дробови, во долниот дел од белите дробови, а пневмонијата е воспаление на долниот дел од белите дробови. Тогаш алвеолите во главно се полнат со течност или гној кој го отежнува дишењето.