Категории

(ВИДЕО) Криси Тејген објави дека е по трет пат бремена во музичкото видео „Wild“ на сопругот Џон Леџенд!

Славниот пар Криси Тејген и Џон Леџенд имаат баш ”диви” вести за споделување, како што е и називот на најновиот музички спот на пејачот за неговата нова песна ,,Wild”! Тие го очекуваат своето трето дете кое ќе им се придружи на големата сестра Луна и братчето Мајлс Стивенс кои исто така беа прикажани во новото видео.

Имено, во последниот кадар во музичкиот спот Криси на сладок начин го прикажува своето трудничко стомаче каде Џон стои зад неа. Истовремено е прикажано како ги држат рацете на своите деца додека одат на идилична плажа во Мексико, каде семејството одмараше и го снимаше видеото.

Одлуката на Криси и Џон да ја објават својата бременост во музичкото видео е прилично соодветна и интересна со оглед на тоа што парот за првпат се сретна на сетот на неговото „Стерео“ музичко видео во 2006 година, во режија на нивниот пријател Набил Елдеркин.

Во премиерата на Јутјуб, дуото сподели дека тие се среќни да направат реплика за тоа како започна нивната љубовна приказна и да го документира „растот на нивното семејство“, особено со Набил, кој ги запозна.

Во продолжение проследете го најновото музичко видео ,,Wild” на пејачот.

Честитки до славниот пар!