Категории

Вие не сте за секого и тоа е вашата моќ – Не обидувајте се да се вклопите во сечија слика

Вие не сте за секого. Во вас има песни со кои луѓето нема да можат да се справат, бури ви се влеваат низ коските што некои никогаш нема да имаат храброст да ги издржат.

Погледнете, имате љубов внатре во вас која ќе се излие од вашите вени како мед на жежок ден и никогаш нема да можете да ја спречите. Ќе се заљубите длабоко во најнежните светови –  вид на свет за каков сонуваат најкревките срца, оној свет каде што луѓето кажуваат како се чувствуваат и сакаат кого го сакаат без двоумење. Засекогаш ќе бидете приврзани за длабоките делови на оние во коишто се заплеткувате. Надежта ќе се излева од вас како дожд. Но, од време на време, ќе бидете погрешно разбрани во начинот на кој се грижите, бидејќи ќе ги сакате луѓето не заради она што е очигледно во нив, туку за она што се крие под нивните маски.
Нема да им се радувате на нивните пеги, нема да им давате комплименти за нијансите во нивните очи. Вие ќе живеете за начинот на кој тие дишат во студениот јануарски воздух, гледајќи како градите им се креваат и паѓаат како вашето срцебиење. Ќе живеете за начинот на кој нивните зеници се шират кога зборуваат за нешто за што навистина се страствени. Ќе живеете за начинот на кој тие сонуваат, за начините на кои тие се нежни.

Не, вие не сте за секого. Никогаш нема да можете да се спречите себеси да вреснете од љубов на покривот од некоја зграда, никогаш нема да можете да играте кул. Вие сте вид на личност што ќе се грижи за странците што ги гледате во продавниците за храна, вид на личност што ќе остане будна ноќе, прашувајќи се за вашата симпатија од петто одделение, надевајќи се дека сонцето прекрасно заоѓа каде и да ја потпираат главата. За тоа, се надевам дека ќе се заштитите себеси..

Се надевам дека не дозволувате светот да ве осудува затоа што сте премногу гласни, премногу експресивни, премногу меки; Дека не дозволувате да ве убеди да бидете совршени наместо реални. Јас навистина се надевам дека го славите фактот дека не сте за секого, дека не ги импресионирате видовите луѓе што биле изградени врз темелите на тажниот свет. Ако имате нешто што правите, ве молам, дозволете си да се радувате на фактот дека не се вклопувате, што мислите поинаку, бидејќи токму вие ги променувате туѓите животи.

Прегледи:
537
Објавено на:
14.03.2021