Категории

Витамин Ц серум – Мало чудо за кожата кое ги бриши сите несовршености

Причини зошто веднаш треба да внесете Витамин Ц серум во вашата секојдневна рутина за нега на кожата на лицето

Витаминот Ц одлично помага при настин и грип, а со внесување преку овошјето во организмот спречувате воспаленија и инфекции во организмот. Но дали сте знаеле дека витаминот Ц за лицето има доста голема улога во убавината и го успорува стареењето?

Витаминот Ц е силен антиоксиданс кој се користи за создавање на сјајна младешка кожа кога се нанесува на кожата во облик на лосион, серум или маска.
Локалната примена на витаминот Ц може да ја намали штетата на кожата настаната од сонце и да ги намали првите знаци на стареење притоа зацврстувајќи ја кожата и измазнувајќи ги брчките.

Витаминот Ц исто така може да ја зголеми делотворноста на кремата за сончање која се нанесува поради заштита од сонцето од сончевите зраци. Витаминот Ц помага при првите знаци на стареење поради виталната улога во природната синтеза на колагенот во телото.
Помага при лечење на оштетената кожа, исто така помага и при сува кожа.

Тој помага при лечење на сувата кожа, црвенилото и воспалението.

Предности на Витамин Ц во рутинската нега за лице
Кога ќе го воведете користењето на витамин Ц во вашата дневна рутина за нега на кожата, ќе ги видите предностите и ќе ви пружи низа благодети – од заштита на кожата од видливите влијанија на загадувањето како и до значајна хидратација на кожата.

Оваа антиоксидансна состојка може да се користи во секојдневната нега на кожата без оглед каков тип на кожа имате. Тој исто така може да биде корисен и при обновување на кожата и зацелување на раните и флеките од акни и иритираните воспаленија.