Категории

Витамини и минерали кои на вашето тело му се од клучна важност во зима

За силен имунитет, особено во студените месеци, на прво место е разновидна исхрана богата со витамини и минерали. Еве кои витамини се најважни за зајакнување на организмот во текот на зимата..

За време на студените зимски месеци, нашиот имунитет често е ослабен, па затоа сме поподложни на многу сезонски инфекции. Затоа е важно да се обидете да јадете што е можно поразновидна храна, а особено важни се два витамини и еден минерал:

-Погрижете се да јадете што повеќе протеини и храна богата со витамин Д во текот на зимата.Овој витамин е од суштинско значење за да го регулираме имунолошкиот систем, за раст и развој, за здрави коски и многу други процеси во нашето тело. Со оглед на тоа што нашата кожа го произведува под влијание на сонцето, а во зимските месеци го нема доволно, мора да ја зајакнеме исхраната со храна богата со витамин Д. Тоа се мрсна риба како лосос, харинга, сардина, туна.

Освен во рибата, витаминот Д го има и во јајцата, збогатено млеко, говедско и телешки црн дроб. Доколку сеуште ја немате оптималната доза на овој витамин во крвта која може да се провери со анализа, консултирајте се со доктор за изборот на суплементација

-Зголемете го внесот на витамин Ц со цел дополнително да го зајакнете вашиот одбранбен систем и да овозможите апсорпција на железо. Еден од начините е да се зголеми внесот на витамин Ц. Најмногу го има во агрумите (лимон, портокал, грејпфрут), киви, бобинки, брокула, брокула, карфиол, пиперки, зелка…

Обидете се да ги јадете овие намирници како што е можно свежи, директно по купувањето и да ги загреете што е можно помалку за да изгубите што помалку од овој скапоцен витамин. Еден портокал, на пример, ќе ви обезбеди околу 60 отсто од дневните потреби за витамин Ц.

-Покрај витаминот Ц важна улога игра и минералот Цинк. Најмногу го има во црвеното месо, јајцата, млекото, неглазираните житарки, пченични никулци, спанаќот, мешунките, остригите, тиквата, ленот и семките од сончоглед, бадемите, оревите… На пример, 100 гр говедско месо ќе ви обезбеди 50% од дневните потреби. за цинк.

Прегледи:
521
Објавено на:
24.01.2022