Категории

Внимателно со стероидите- може да бидат причина за неплодност

Мажите често користат стероиди за да го подобрат својот надворешен изглед. Но, според истражувањата, стероидите може да доведат до стерелитет.


Стероидите и таблетите кои делуваат на намалување на ќелавоста може да имаат негативен ефект врз машката плодност, тврдат научниците. Тие предупредуваат дека околу 90% од мажите кои редовно користеле некој облик на анаболички стероиди се стерилни.
Парадоксот кога мажите ја намалуваат можноста за создавање потомство заради желбата да изледаат помажествено, се вика Мосман-Пасијев парадокс, по научниците кои прв пат го опишале во стручната литература.
Професорот на американскиот Универзитет, Бран Џејмс Мосман потврдува дека земањето на стероиди заради побрзо изградување на мускулна маса и како лек при ќелавост, може да предизвика проблеми кај паровите кои сакаат да имаат деца.


Стероидите го менуваат начинот на кој тестостеронот метаболички се разградува во телото. Тоа докажано може да го намали губитокот на косата, но нус појавите може да бидат еректилна дисфункција и намалена плодност. Забележав дека некои мажи кои доаѓаат на тестирање за плодност се навистина крупни. Тие се обидуваат да изгледаат така, но во еволутивна смисла се многу слаби, бидејки, без исклучок, во нивниот ејакулат нема сперматозоиди- истакнува професор Мосман.
Тој објаснува дека анаболичките стероиди влијаат врз делувањето на машкиот хормон тестостерон и се користат за зголемување и зајакнување на мускулатурата. Стероидите ја „измамуваат“ хипофизата на начин тестисите да работат пребрзо.


Жлездите реагираат со прекин на создавањето на 2 хормони клучни за производство на сперма- FSH и LH. Сличен процес се случува и кај мажите кои користат лекови за да го спречат губитокот на косата- тврди професор Мосман.