Чевлите ќе изгледаат многу полуксузно и поскапо доколку внимавате на нивните детали при изборот
За правење на дизајнерските обувки се користат материјали со висок квалитет и баш поради тоа тие изгледаат отмено, но и цената им е поприлично висока. За среќа, денес на пазарот можат да се најдат обувки и не толку скапи и познати брендови кои изгледаат подеднакво луксузно. Само треба да внимавате на деталите кои ги имаат на нив.
Внимавајте да ги избегнувате моделите со златни додатоци како големи нитни, боцки, циркони и синџири.
Модните стручњаци советуваат да се држите до неутралните класични модели на обувки, направени од кожа или плиш. Исто така ги препорачуваат и моделите со нетипична потпетица, без оглед на нивната цена овие модели секогаш ќе изгледаат скапо и гламурозно.