Категории

Во новата година збогувајте се со сувата и оштетена коса: Блескава и здрава коса со само неколку чекори!

Сон на секоја дама е да има прекрасна блескава и здрава коса, а за тоа да се постигне не е доволно само редовното одење на фризер и правилното сушење туку и вистинската нега која одговара на типот на косата.

Секоја коса е подложна на сушење и пукање и тоа особено во зимскиот период, па затоа неа и е потребна редовна хидратација со квалитетни препарати. Овозможете и ја потребната нега на вашата сува и оштетена коса со најсовремените третмани во студиото за убавина La Sensa. Користејќи ги најдобрите производи за заштита и нега на косата на Lakmѐ и Alfaparf третманите, за многу краток период ќе ги почувствувате сите благодети од овие производи на вашата коса.

Тимот на La Sensa ќе се погрижи сувата и оштетена коса да биде минато, особено во зимскиот период, заштитувајќи ја од секојдневните штетни надворешни влијанија.

Обновувањето на косата започнува со постапката која вклучува шампонирање на косата со соодветниот шампон според типот на косата, па откако ќе се измие два пати косата се нанесува маска со ампула и серум за сува и оштетена коса на целата површина на косата. Потоа, косата се става во капа околу 15-20 минути, а потоа се чешла и се измива. На крај се ставаат специјални капки на врвовите и следува стилизирањето на косата.

По овој третман косата доживува вистинска реконструкција, се враќа нејзиниот сјај, мекост, а влакната повеќе не се суви и подложни на пукање, напротив, тие стануваат цврсти и еластични.

Не губете го вашето време за различни третмани и маски за коса, посетете го студиото за убавина La Sensa и вратете и ја на вашата коса нејзината живост и свежина.

Студиото за убавина La Sensa соработува исклучиво со докажани и квалитетни брендови, а резултат на тоа се лојалните клиентки кои уживаат секојдневно во најразличните услуги кои ги нуди ова студио за убавина. Косата е украс на вашето лице, погрижете се да биде совршена на едноставен и најефикасен начин. Резервирајте го вашиот термин во La Sensa и започнете ја новата година во вистински сјај.