Категории

Во оваа земја студентите може да дипломираат ако засадат 10 дрвја

Една генерација студенти може да засади и до 525 милијарди стебла. Новиот закон на Филипините бара од своите студенти да засадат по десет стебла ако сакаат да дипомираат. 

Целта е борбата против климатските промени. Гари Алејано од партијата Магдало изјавил дека секоја година на Филипините 12 милиони ученици завршуваат основно училиште, околу пет милиони средно, а околу 500.000 од нив дипломираат на факултет.

„Секоја година тоа значи дека би добиле 175 милиони стебла. Во текот на една генерација која се школува таа цифра би била неверојатни 525 милијарди нови дрвја“, објаснува Алејано.

Прецизирал дека дури и кога би успеале само 10% од засадените дрвја, тоа се дополнителни 525 милиони стебла. Владата вели дека стеблата ќе бидат внимателно избирани, исто како и почвата на која се засацуваат, локацијата, климата и сите параметри кои се потребни за да успее дрвото.

Придобивките од засадувањето дрвја се многубројни – веднаш ќе почнат да го впиваат јаглеродниот диоксид и ќе им се помогне на идните генерации да се прошири еколошката акција.

Филипините се една од земјите чии шуми се речиси потполно уништени поради илегалното сечење. Пред 20. век, дури 70% од територијата на Филипините била покриена со шума, за таа бројка во 20. век да падне на само 20%.

Поради илегалното сечење на шумите доаѓа до големи одрони, поплави.