Категории

Во животот се случуваат нешта – И не прашувајте зошто, едноставно не мора секогаш да го знаеме одговорот

Животот има еден чуден начин да ве запрепасти. Да ви удри шамар, и тоа не било каков туку оаков во срцет што најмногу боли. Губиш нешто многу вредно, некој си заминува, нешто станува комплицирано. И го поставувате познатото прашање зошто ви се случи ова. Зошто? Едно нешто што треба да знаете. Никогаш не го поставувајте тоа прашање „зошто“ бидејќи нема јасен одговор за некои работи. Едноставно се случуваат и немате влијание врз нив. Се што можете да направите подоцна е да ги прифатите такви какви што се.

Зошто секогаш мора да губиме некои работи за да ја сфатиме нивната вредност подоцна? Да имаш, но да немаш. Нема ништо потешко од тоа. Ред на убави, а потоа ред на тешки работи. И секогаш се прашуваме зошто? И зошто не сме поинакви? Зошто веќе не инвестираме во животот? Во луѓето? Во убави искуства? Подлабоки односи? Секој ден имате шанса да го поправите тоа. Јавете се некому. Заблагодарете се за нешто. Имате шанса да бидете подобар човек. Не чекајте некој да го стори тоа за вас. Вие направете го тоа први денес!

Прегледи:
409
Објавено на:
11.10.2021