Категории

Воодушевете ги гостите со убава пита од костени! (РЕЦЕПТ)

Есента носи свои плодови, а меѓу нив еден од најпосакуваните е костенот. Оваа есен направете пита од костен, едноставна и вкусна, која сигурно ќе посакате повторно да ја направите.

Состојки:

За тесто: 80 г брашно, 125 г шеќер, 115 г путер, јајце, жолчка, 1/2 лажичка екстракт од ванила, 3 лажици вода

За фил: 2 јајца, 500 г пире од костен, 80 г мелени ореви, 200 г темна чоколада, 120 г путер

Подготовка:

  • Замесете ги состојките за тесто.
  • За филот, изматете ги шеќерот и жолчката, а белките изматете ги да добијат цврстина.
  • Во изматените жолчки додадете го пирето од костен и мелените ореви и на крај додадете го шлагот од белки.
  • Растегнете три четвртини од тестото и со него обложете го плиткиот калап за торта.
  • Врз него ставете го кремот од костен.
  • Останатото тесто растегнете го во тенок ролат и со него подрабете ја питата.
  • Печете ја питата во загреана фурна околу 45 минути на 180°C.
  • Растопете го чоколадото на пареа со путер, па со чоколадната глазура премачкајте ја питата.
Прегледи:
629
Објавено на:
06.10.2018