Категории

Времето бргу минува, ценете го она што го имате: Приказната на Чехов крие важна животна лекција!

Не барајте грешка на сè во вашиот живот.

Во приказната на Чехов се зборува за жена која не го сака својот сопруг. Иако изгледа како совршен и некој кој на својата сопруга и обезбедува сè, тој не е по нејзина желба. Сите негови пари, внимание и удобен живот не се доволни за неа. Таа секогаш му наоѓа забелешки, иако самата не ја знае  вистинската причина, но едноставно не го сака. „Едноставно не ми се допаѓа” е секогаш нејзиниот одговор.

 

Нејзиниот сопруг не може да разбере од каде потекнува нејзината нетрпеливост кон него. Тој постојано се труди да го подобри своето однесување, уште повеќе внимава да и угоди, но ситуацијата се влошува со секој изминат ден.

 

Еден ден, тој одлучува да се откаже од се и да ја напушти. Се качува на чамец и испловува на море некаде далеку од неа. Иако изгледа дека доаѓа голема бура, тој не се грижи. Мисли дека неговиот живот не вреди кога неговата сопруга не го сака. Ветровите постојано растат, и кога бродот веќе не може да се види на отвореното море, неговата сопруга извикува по него: „Врати се“.

 

Тој момент е како шлаканица за неа, таа тогаш сфаќа колку ќе биде нејзиниот живот тежок без него и колку всушност го сака. Таа, во еден миг сфаќа дека има маж покрај себе кој секогаш е покрај неа, кој е нејзина најголема поддршка, некој кој е љубезен и посветен и спремен да направи се за неа. Тој не е идеален, но тој секогаш е до неа.

 

Но, бродот, заедно со нејзиниот сопруг, се одалечува се подалеку, сè додека потполно не изчезне во далечината.

 

А таа и понатаму постојано  довикува: „Врати се! Врати се! Те сакам! “, Но никој не може да ја слушне. Морето е бучно, бурата е се посилна. Таа стои крај брегот, довикувајќи го, но одговор нема.

 

Само после загуба и расправија, луѓето сфаќаат колку навистина сакаат некого. Понекогаш не сме во состојба да ги согледаме и разбереме нашите емоции. Ние секогаш се стремиме кон нешто подобро и поубаво, па дури и кога сè што ни треба е веќе покрај нас.

 

Луѓето имаат тенденција да ги идеализираат туѓите животи и врски, сметајќи дека нивниот не е доволно добар, наместо да го ценат она што го имаат во моментот.

 

Времето минува многу бргу, не дозволувајте си, поради некои илузии  да си го скратите задоволството да уживате покрај саканата личност . Цени го тоа што го имаш, затоа што некогаш животот не ни дава втората шанса.

Прегледи:
740
Објавено на:
09.09.2019