Категории

За брз раст и густина на косата – Додадете една капка од ова масло во вашиот шампон

Помага и кај коса која е склона кон мастење и сув скалп на главата

За опаѓањето на косата обично ја обвинуваме генетиката, но лошата исхрана исто така може да доведе до губење на влакната.
Меѓу третманите кои се препорачуваат за поттикнување на новиот раст на косата спаѓаат чичковото и ореовото масло.

Но дерматолозите советуваат дека најдобро влијание на коренот на косата има маслото од гераниум.
Ова масло делува дури и посилно и од познатите хемиски супстанции како што е миноксидилот која се додава во многу шампони и лосиони против опаѓањето на косата.

Маслото од гераниум го регулира производството на себум па така може да помогне и кај сува коса и кожа на главата но и кај премногу масна коса.
Истражувачите препорачуваат да додадете масло од гераниум во вашиот шампон.

Маслото од гераниум можете да го направите и сами доколку ја одгледувате оваа билка. Во мала тегла маслиново масло додадете десеттина листови и оставете ги да отстојат на прозор под сонце. После една недела исцедете па додаде уште листови. Повторувајте ја процедурата пет недели а на крајот процеденото масло чувајте го на темно и ладно место.

Прегледи:
919
Објавено на:
04.08.2020