Жителите на малото гратче Воттон-Андер-Еџ во Англија изминатите денови ги сликаа прозорци на своите домови со цел да ја разубават прошетката на нивните соседи за време на пандемијата.
Сè започна откако стотици семејства се пријавија на локалниот „Window Wonderland Event“. Прославата на заедницата е темата на овогодинешниот настан, додека целта е да се подигне расположението на луѓето среде пандемијата. Се верува дека настанот е најголемата уметничка изложба на отворено во земјата, а е организирана од Мартин Кларк.
„Потребно е малку за луѓето да се расположат во овие тешки моменти низ кои поминуваме. Тоа е нешто што може да нè обедини“ – истакна креаторот на оваа идеја.
Со покажување љубов, овие креативни луѓе се надеваат дека парадата на „насликани“ прозорци ќе послужи како извор на инспирација за други места низ светот за создавање заеднички уметнички галерии.