Категории

За нежна и светкава кожа – Домашен луксузен пилинг за тело

Ви споделуваме рецепт како да подготвите домашен луксузен пилинг за тело кој ќе ја направи вашата кожа совршено мазна, мека и негувана.

Потребни состојки:

  • 1-2 лажици маслиново масло
  • 1-2 лажици кокосово масло
  • 1-2 лажици бебешко масло (за мирис), или масло за тело со светки по избор
  • 1-2 лажици мед
  • ¼ шолја шеќер
  • 1 лажица сушени цветови по избор

Начин на подготовка:
Ставете го шеќерот во стаклен сад и постепено додадете го маслата мешајќи.
Продолжете да мешате се додека состојките не се соединат, додадете мед и маслото со светки.
За крај по желба додадете сушени цветови, неколку капки етерично масло (лаванда и сл.), можете да додадете и ружина вода.
Пилингот користете го 1-2 пати неделно, нежно масирајте на кожата и потоа исплакнете.

Прегледи:
484
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
02.09.2020