Во животот секогаш сѐ ни се враќа со иста мера
Си бил еден селанец кој му продавал путер на пекарот. Еден ден, пекарот се посомневал во селанецот и одлучил да го измери путерот за да види дали селанецот му дава точно еден килограм.
И имал што да види – селанецот му давал помалку од тоа што му кажувал. Пекарот се разбеснил толку многу што веднаш го тужил селанецот. Кога судијата го прашала дали користи вага за мерење, селанецот одговорил:
„Почитуван судија, јас сум само прост човек. Не ги користам овие модерни ваги, но имам само едноставен кантар.“
Тогаш судијата го замолил да објасни како го мери путерот, тогаш селанецот одговорил:
„Почитуван судија, уште пред да почне пекарот да купува путер од мене, јас од него купував кило леб. Секој ден кога пекарот ќе донесе леб, јас го ставам на едниот крај од катарот и мерам точно толку путер на другата страна. Ако некој е виновен, тогаш тоа е пекарот.“
Поука:
Во животот секогаш се ни се враќа со иста мера. На некои луѓе, непочитувањето им прераснало во навика така што повеќе не знаат што е вистина. Но кого лажат тие? Само самите себеси.